Државната изборна комисија е правда за неправилности во избирачкиот список велејќи дека Министерството за внатрешни работи е она кое треба да го реши прашањето за бројните неправилности. Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, вели дека никогаш нема да има целосно чист избирачки список. Тој ги повикува граѓаните преку јавен увид да помогнат во процесот на надминување на проблемите.

За разлика од другите изборни циклуси, за време на кампањата за референдум, право да води пропаганда има право секој кои имаа доволно пари за тоа, било да станува збор за физички лица, организации, разни институции и слично. Од ДИК велат дека државните институции може да вршат јавна пропаганда, но да пријават од кои пари ќе го вршат тоа.

На 7 септември треба да се изврши ажурирање на изборниот список и со таа верзија да се гласа на референдумот на 30 септември. Од вчера до денеска на пладне само 213 граѓани извршиле увид во избирачкиот список, додека бројот на оние од дијаспората што се јавиле за гласање во амбасадите достигна 158.

Вјолца Алити

Shpërndaj me