ДИК го стега обрачот околу својата каса. На денешната седница отиде чекор понапред од собраниската одлука со која им беа намалени патните трошоци. Членовите одлучија да земаат пари за пат само кога ќе има седница. Останатите работни денови ќе добиваат надоместок во висина на автобуска карта.

„Оваа одлука е уште една потврда за начинот на професионалната работа  на оваа Државна изборна комисија, како што претходно кажа дека ние се откажуваме од надометокот на нашите бонуси. Со тоа покажуваме дека сериозно се грижиме за буџетот на граѓаните и така мислам дека по продолжиме во иднина“, рече Елизабета Постоловска, член на ДИК.

„За сите останати денови за доаѓање на работа на членовите им следува трошоци во висина на цената на повратен автобуски билет во местото на живеење“, изјави Борис Кондарко, член на ДИК.

Државната изборна комисија го регулираше и користењето на сопствените возила за службени цели од страна на членовите на ДИК и тоа само за седниците.

„„Кога се доаѓа на седница и кога се користи приватно возило за службени цели во прилог се доставува патен налог за седницата потпишан од претседателот и се доставува писмена сметка од патарината каде што поминал како доказ дека навистина го извршил патувањето и се исплаќа во висина од 20 проценти од цената на литар гориво кое го користи соодветното возило коешто го пријавил“, рече Добри Јанчев, Секретар на ДИК.

Пред околу две години речиси сите членови од претходниот состав на Државната изборна комисија, освен Ермира Асани-Салија од БЕСА си поднесоа оставки од функциите. Оставките следуваа откако поранешниот американски амбасадор Џес Бејли откри дека членовите на ДИК нетранспарентно си поделиле високи бонуси од дополнителни 4 до 5 плати плус за својата работа за време на локалните избори, но и за последните неколку изборни циклуси.

Весна Велкова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...