Претседателката на Собранието на невладината организација на Боки 13, Меѓународен сојуз Скопје, Агапи Дика се обиде да избегне соочување и со јавноста откако два часа даваше исказ кај обвинителката за случајот „Рекет“, Вилма Русковска, пренесува 360 степени.

На новинарските прашања дали знаеле дека Боки 13 работел незаконски и дали знае каде завршиле парите кои биле уплатени на сметка на Меѓународниот сојуз Скопје, таа на двапати само кусо одговори – „Не“.

Неофицијално, Дика е повикана во Обвинителството бидејќи како претседател на Собранието на Меѓународниот сојуз Скопје била потписник на повеќе договори.

Извор: 360 степени

Loading...

Shpërndaj me

Loading...