Доколку компаниите од осигурителниот сектор не се дигитализираат, се осудени на пропаст. Оценија од Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Во моментов само половина од осигурителните фирми нудат он – лајн услуги.

Сепак процесот на дигитализација е доста скап, а инвестицијата се враќа на подолг рок, велат упатените во овој бизнис. Тврдат дека воведувањето на  нова технологија нема негативно да влијае врз намалување на бројот на вработени во осигурителните компании. Воведувањето на електронскиот систем не мора да значи и напуштање на хартиените документи и нивно заминување во историјата.

„Пазарот на осигурување и компаниите во Македонија се уште функционираат на еден традиционален начин со директна продажба, а нашите системи се уште се во фаза на доработка за почеток на дигитализација. Почетоците на дигитализација во делот на продажба и проценка на штети се на пониско ниво, но сепак радува освртот на компаниите кон тоа“, рече Ѓорѓе Војновиќ Претседателот на Здружението на осигурувањето.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...