Скопската чаршија веќе не е толку стара. Жителите на најстарата населба во главниот град се жалат дека новите градби и надградби го уништиле идентитетот на чаршијата. Околу малите дуќани, подигнати се големи објекти. Тие дури велат дека денешните реновирања според најновата мода, ја поткопуваат архитектурата од минатото.

„Старата чаршија како што ја познавам уште од ‘74 не е веќе иста. Сега со новите градби се случи катастрофа. Мора сите да се урнат.“

„Порано Управата за културна заштита велеше дека треба да се санира според правилата, зборувам пред 30-40 години, а сега сето тоа е уништено.“

„Се сеќавам пред некое време како беше и како е уништено денес. Го уништија изгледот на стариот град. Се знае чија вина е, но не сме ние кои може да влијаеме.“

Од Градот Скопје велат дека чекаат одлука од Владата, која ангажирала инспектори да откријат кој им дал зелено светло на градежниците да подигнат дивоградби. Од 2011 година чаршијата беше прогласена за заштитено подрачје и сите надлежности за издавање на градежни дозволи од страна на Општина Чаир беа пренесени на Министерството за транспорт. Висар Ганиу, градоначалник на општината, признава дека има десетици згради изградени надвор од стандардите и повикува да се преземат мерки.

„Општина Чаир ги има евидентирано сите објекти што се градат без дозвола, ги има информирано Владата и Министерството, Градот Скопје и Државниот инспекторат. Значи, иако не сме надлежни, излеговме и ги евидентиравме, очекуваме да видиме какви мерки ќе преземат“-изјави Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир.

А, градоначалникот на Чаир, заедно со негови сопартијци денеска дојде во Чаршијата за да ја промовираат работата за замена на 97 излози, проект кој функционерите на ДУИ го промовираа веќе неколку пати. Според програмата за развој на туризмот, министрите за економија и во времето на Сараќини, Незири, Куќи, па и сегашниот министер Бектеши вели дека санацијата на чаршијата била ветена од власта.

„Во својство на министер за економија ги следиме работите за промена на излозите на продавниците, проект што беше ветен со формирањето на оваа влада. Реализацијата е во тек и се надеваме дека наскоро ќе заврши инвестицијата што ја правиме заедно со општина Чаир“-рече Крешник Бектеши, Министер за економија.

За ревитализација на чаршијата државата одвоила 200 илјади евра, додека со грант од 800 илјади евра добиени од Светската банка ќе се менува калдрмата, а електричните кабли ќе се вкопаат под земја. Вакви ветувања се слушаат уште од 2000 година. Во меѓувреме, високите функционери на ДУИ, додека ги посетуваа малите бизниси на улицата Пластичарска, водеа партиски активности за време на работното време на државните институции и тоа со службени возила. Како дел од оваа посета уште еднаш беа означени почетоците на инфраструктурните работи за проширување на Булеварот кои веќе беа означени во декември од Петре Шилегов и Зоран Заев. (атмосфера)

 

Аднан Ќаили                                

Loading...

Shpërndaj me

Loading...