„Метлата“ на премиерот Зоран Заев ќе опфати функционери од секое ниво на власта. Извори од СДСМ брифираат  дека премиерот направил список со над 15 имиња кои ќе бидат сменети. Во него има потпретседател на партијата, министри, пратеници, градоначалници, директори и други функционери. Сепак, социјалдемократите не обелоденуваат имиња пред да се свикаат органите на партијата за таму да се разгледаат предлозите на Заев. Се најавуваат и промени во владиниот кабинет. Заев уште во текот на претседателската кампања најави промени поради слабите резултати, како во владата, така и во партијата.

Неофицијално се дознава дека по усвојувањето на промените во Законот за јавно обвинителство, Министерството за правда ќе се трампа со Министерството за образование.

Рената Дескоска се очекува да се врати во Образование, а со Правда ќе раководи кадар на ДУИ.

Меѓу ресорите каде може да има промени се и министерството за информатичко општество, за земјоделство, но и во здравство. Во ДУИ пак, сè уште не почнале да ги разгледуваат имињата за планираното Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Извори од ДУИ велат дека партиските крила од Гостивар и Тетово бараат да го добијат ресорот бидејќи ДУИ од Куманово веќе има две министерски функции.

Коалициските партнери не дискутирале ниту за судбината на Министерството за култура, откако министерот Асаф Адеми вчера даде оставка поради здравствени причини.

На списокот институции каде се очекуваат промени на кадри се споменува и МНР. Неофицијално, Никола Димитров бара да замине од министерската фотелја, но причините не се откриваат.

Адриан Керими

Loading...

Shpërndaj me

Loading...