Очигледна е намерата на некои политички партии да го #опструираат процесот на носење на Законот за јавно обвинителство. Очигледно е дека дел од стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е меѓу другото триесеттина од нив да се јават за реплики на мојот говор и тоа би значело дополнителни 2,5 до три часа со реплики и контрареплики. Затоа одлучивме ниту јас, ниту другите пријавени пратеници од СДСМ и коалицијата да не се јавуваме за збор, со што заштедуваме најмалку осум часа дебата по нашите говори, објави министерката за правда Рената Дескоска на својот Фејсбук профил.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...