Составот на ДИК и понатаму останува „производ“ на политичко пазарење помеѓу власта и опозицијата. Министерката за правда, Рената Дескоска алудирајќи на барањата и условите поставени од ВМРО ДПМНЕ, истакна дека ДИК не смее да биде резултат на амнестија или на техничка влада. Дескоска оцени дека доцнењето на формирањето на ДИК може да има последици.

Исто мислење како Дескоска и СДСМ има и коалицискиот партнер. Од ДУИ бараат процесот на именување на членовите на ДИК да се деблокира што поскоро. Од друга страна, ВМРО ДПМНЕ останува на своите ставови дека без компромис помеѓу партиите, особено Законот за финансирање на политичките партии и Законот за владата, нема да се деблокира процесот за Државната Изборна Комисија.

Составот на парламентарната Комисија за избор и именување, не му овозможи ниту на претседателот на Собранието да ја испрати постапката на гласање бидејќи шест членови на Комисијата се од ВМРО ДПМНЕ плус претседателот, шест од коалицијата СДСМ – ДУИ и еден од Движењето Беса.

Во случај ако спикерот Талат Џафери донесе одлука за деблокирање на процесот, тоа би било опасна одлука бидејќи опозицијата може да реагира на ваквиот чекор на Џафери и да не го гласа за составот, кој пак бара двотретински гласови. Ако ДИК не успее да има нов состав до крајот на месецот, под знак прашање се става најавата на премиерот Заев дека референдумот може да се одржи кон средината на септември.

Според законските одредби предвидени во Законот за референдум, од 30 до 60 дена пред да се одржи, Собранието треба да го распише референдумот, додека од 60 до 90 дена треба да заврши целата постапка на објавување, кампања, одржување и соопштување на резултатот.

Адријан Керими

Shpërndaj me