Веќе е извесно дека предметите на СЈО ќе продолжат пред судовите, рече во своето излагање министерката за правда, Рената Десковска, по повод почетокот на твининг-проектот за поддршка на Јавното обвинителство и министерствата за правда и внатрешни работи. Како што рече Десковска, преносот на предметите којшто се случува им ги поматил сметките на оние што посакувале да нема Специјален јавен обвинител и предметите да останат незавршени.

„Правниот систем покажа дека функционира, дека постојат механизми кои оневозможуваат блокада“, додаде Десковска.

Министерката апелираше, во пресрет на одлуката за датум за почеток на преговори, да се стават во преден план државните интереси и да се донесе Законот за специјалното обвинителство.

 

 

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...