Сакајќи да основа сопствена авио компанија, десетгодишниот Алекс Жако, од Австралија, решил да побара совет од првиот човек на најголемата австралиска авио-компанија „Квантас“, Алекс Џојс, пренесува Би-Би-Си.

Во своето писмо малиот Алекс наведува дека името на неговата компанија ќе биде „Океанјиа Експрес“ и оти веќе има во план кој луѓе ќе ги назначи на раководните позиции, но сè уште не е сигурен околу бројот на авиони што ќе му бидат потребни, каква храна да се служи на летовите и слично.


Со сета почит кон малиот визионер, првиот човек на „Квантас“ одговорил на писмото со забелешка дека иако тајните на професијата не ги откриваат на конкуренцијата, овој пат ќе направи исклучок.

Родителите на Алекс откриваат дека веќе е познат и датумот на состанокот меѓу Алекс Џојс и нивниот син.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...