Бугарското обвинителство почна истрага за компанијата за управување со отпад Бластион под сомневање дека се извршил увоз на токсичен отпад од Италија во Бугарија за една термоцентрала кај Варна. Еден од косопствениците на оваа компанија е и директорот на Дрисла, Горан Ангелов. Оваа истрага беше причина денес да биде последен ден на Ангелов како директор на Дрисла, бидејќи таа и онака од денеска премина во рацете на Град Скопје. Шилегов најави дека утре ќе го разреши Ангелов, а од Обвинителството побара да истражи дали директорот на Дрисла увезувал опасен отпад и во Скопје.

За да се истражи дали таков опасен отпад од Италија завршил и во Скопје, од Државниот инспекторат за животна средина извршиле две контроли во Дрисла, но во ноември. Според инспекторот Хисни Тачи, тогаш не биле пронајдени остатоци од таков увезен отпад.

„Едната контрола беше редовна, а другата вонредна, но не беа пронајдени нерегуларности во работата на претпријатието и за тоа ги известивме надлежните органи. Дрисла не увезува отпад, значи никаков вид отпад не увезува од странство, затоа што не поседува дозвола за такво нешто. Нивна дејност е депонирање на комунален отпад и палење на медицински отпад“-рече Хисни Тачи, Државен инспекторат за животна средина.

Екологистите бараат истражните органи да го следат примерот на бугарското обвинителство и да отворат истрага по допрен глас оти во Дрисла се палел и токсичен отпад увезен од странство. И не само тоа. Од еколошките здруженија бараат оставка од првите луѓе во Министерството за животна средина.

Пред десет дена скопското Обвинителство соопшти дека не нашле никаков  доказ оти во Дрисла било направено кривично дело. За депонијата имаше гласини дека нелегално пали медицински отпад. Пред една година Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина беа известени дека печката во која се палат медицинскиот отпад и други опасни материи била исклучена поради оштетување на филтерот. После еден месец таа беше активирана и како што беше соопштено, ги исполнува сите еколошки стандарди.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...