На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, не се применува Законот за употреба на јазиците што ја унапредува употребата на албанскиот јазик во институциите. Директорот на Агенцијата за спроведување на Законот за јазиците, Илбер Села, вели дека спроведувањето на Законот останува предизвик во иднина, критикувајќи ги медиумите и државните институции кои го занемаруваат албанскиот јазик.

„Владата треба да биде промотор на развојот на мултиетничкото и мултијазичното општество. Сите ние треба да бидеме одговорни и внимателни, да не дозволуваме елементи како што ги гледаме денес, на пример на сите телевизиски билборди имаме само македонски јазик и тоа нормално води кон поделби, стереотипи што ги гледаме секој ден. Како директор на Агенцијата добивам дневни поплаки од граѓани. Ние сè уште имаме министерства кои сè уште ја немаат спроведено првата фаза од употребата на јазикот “.

Министерот за политички систем Садула Дураку ја истакна потребата за целосно спроведување на Законот донесен пред една година, што според него го прави албанскиот официјален јазик. Но, тој рече дека тоа зависи од волјата, а не од санкциите предвидени за неспроведување.

 „Освен законските санкции, спроведувањето на Законот за употреба на јазиците во голема мера зависи од волјата и свеста на граѓаните за негово спроведување. Многу предизвици што се пред нас во овој процес треба сите заедно да се трудиме да ги надминеме“.

Иако беше предвидено дека една година по влегување во сила, сите институции ќе донесат подзаконски акти за спроведување на Законот и казни во случај на неспроведување,  но тоа сè уште не е направено.

Anesa Salihu

Loading...

Shpërndaj me

Loading...