Денеска и утре се денови на национална жалост поради тешката сообраќајна несрќа што вчера попладне се случи на патот Скопје – Тетово кај месноста Карпалак.

Одлуката беше донесена на синоќешната вонредна владина седница. Премиерот Зоран Заев, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите најави дека денеска ќе ги посети повредените во болниците, а во наредните денови ќе бидат донесени и одлуки за поддршка на семејствата на починатите.

Сообраќајната несреќа се случи вчера околу 17 часот, а според досегашните официјални податоци во неа загинаа 14 лица. Автобусот што се движел на релација Скопје – Гостивар е сопственост на компанијата „Дурмо турс“. Причините за несреќата сѐ уште не се утврдени, а истрагата е во тек.

Loading...

Shpërndaj me