Државната изборна комисија денеска го отвори гласачкото место каде ќе гласаат 260 лица, кои ќе патуваат надвор од државата, како членови на избирачките одбори во конзуларно – дипломатските претставништва.

„Тие се поделени во 32 конзуларно – дипломатски претставништва односно се членови на избирачки одбори каде ќе ги спроведат изборите, тие денеска ќе го реализираат правото на глас. ДИК обезбеди посебно гласачко место за овие лица“, рече Адмир Шабани- ДИК.

На 32 гласачките места надвор од државата, за гласање се пријавиле само 1.850 граѓани на Македонија кои живеат во разни земји на светот. За изборите во дијаспората, ДИК ќе потроши 30 милиони денари или 500 илјада евра. Оваа сума ќе се потроши за патувањето на 260 членови на ДИК, ноќевање, храна и дневница. Од Изборната комисија соопштуваат дека утре ќе се направи и распределбата на изборниот материјал низ општинските комисии.

„ДИК во текот на утрешниот ден, 18 април, четврток, ќе го достави доверливиот изборен материјал до општинските комисии, а потоа истите комисии истиот ќе го достават до избирачките одбори под нивна надлежност“, додава Шабани.

Од ДИК одредиле посебни екипи кои ќе го распределат изборниот материјал низ општинските комисии. Тие пак во сабота на 20 април, треба да го достават материјалот во избирачките одбори. Инаку, на претседателските избори на 21 април, право на глас имаат еден милион и 800 илјада граѓани, а ќе се отворат вкупно 3.470 гласачки места на целата територија на државата.

Мефаил Исмаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...