Министерот за надворешни работи на Грција ги повтори европските ставови за либиското прашање односно прекин на огнот и признавање на невалидноста на двата меморандуми меѓу Турција и Владата во Триполи.

Дендиас, коментирајќи го фактот што Грција не доби покана за учество на конференцијата за Либија што ќе се одржи утре во Берлин, рече дека грчката Влада уште од јули се обидувала да обезбеди учество, но Германија не прифатила задоцнето вклучување во процесот.

Во однос на меморандумите, истакна дека и самиот лидер на Либиската национална армија, Халифа Хафтар бара нивно поништување.

Поништувањата на двата меморандуми, Дендиас ги споменува и во однос на очекувањата од утрешниот состанок во Берлин.

– Во оваа фаза очекуваме, прво, а во таа насока го охрабривме Генералот Хафтар, да има примирје и да има првична согласност за отстранување на странските елементи и на странските сили од Либија, се подразбира дека Турција фигурира прва. Турција е највмешана странска сила во Либија. А потоа, либиското општество да може да го најде својот пат, а на овој пат, неопходен елемент е поништувањето на овие два меморандуми, бидејќи овие две меморандуми всушност се под заштита на странска интервенција во Либија, на турската интервенција во Либија. Па така, очекуваме Берлин да биде една скала во процесот за мир во Либија, истакна шефот на грчката дипломатија во синоќешното интервју за ЕРТ.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...