Македонија има голем потенцијал за производство на злато. Тоа може да донесе големи приходини за домашната економија, сметаат експертите. Рудникот Бучим во Радовиш, кој засега е единствен прозиводител на концентрат на злато во земјава, во 2017 година произвел 970 килограми.

„Ние произведуваме бакарен концентрат во кој има злато, 10 до 30 грама на тој концентрат. И Иловица има исто злато. Кога би се обединеле количините од Иловица каде има можност околу 20.000 тони бакар да се произведуваат и нашите 10.000, се создава можност за изградба на модерна мини топлиница и да се добива катоден бакар. Тој да се преработува во капацитетите на Неготино каде се затворени фабриките за кабли, да се преработува во постоечката и затоврена златара златото, тогаш Македонија ќе има капацитет до два тона злато или 2.000 килограма злато да произведува на година“, рече Николајчо Николов- директор на рудникот Бучим.

Според Николов, Македонија има потреба од изградба на топилница каде што би се топело златото од Македонија. Порано тоа се правело во Бор во Србија, а сега во Бугарија. Со топилницата ќе може златото кое потенува од овие простори да се извезува како сопствен производ. Од друга страна, рударскиот сектор во земјава не е загрижен од евентуалната промена на името во Северна Македонија. Сметаат дека ќе нема потреба да се ребрендираат.

„Ние не извезуваме македонски или северно македонски бакар. Ние извезуваме бакарен концентрат со карактеристики. И се да се промени кај нас ништо нема да се промени. Тоа не е бренд. Може би виното е бренд, но бакарот има и презиме. Името и презимето се состои во неговата хемиска анализа. Таков бакарен концентрат ќе го купат и пријатели и непријатели, на кои им треба. Кај нас тоа нема да влијае“, додава Николов.

„Мислам дека нема потреба. Се знае каде се лоцирани рудниците. Тоа е берзански производ за кои нема проблем за пласман. Металите се берзански производ. Потребата од нив е изразена и цената ќе расте. Останува Македонија стратешки да се определи како ќе го валоризира рудното богатство односно на кој начин ќе ги издава концесиите“, рече Благој Голомеов- универзитетски професор.

Рудниците во Македонија учестуваат со околу 260 милиони евра во вкупниот извоз на домашната економија и во него се вработуваат повеќе од 15.000 работници.

Мики Трајковски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...