Славниот шпански фудбалски тренер, Висенте дел Боске, рече дека за шпанската Ла Лига би било добро напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар, да се врати во Барселона, но додаде дека тој никогаш не би го вратил во клубот.

„За шпанскиот фудбал и Лигата веројатно би било добро Нејмар да се врати, но кога јас би бил дел од клубот, никогаш не би го донел. Тој е одличен играч, јас не го сакам поради други работи. Додека беше во Барселона се однесуваше воглавно регуларно. Некогаш лошо, некогаш мошне лошо. Кога сега би направиле анкета меѓу луѓето во Барселона сигурен сум дека повеќе од 50 проценти би биле оние коишто се против негово враќање во клубот. Тоа открива некои работи“, изјавил Дел Боске.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...