Стотици куќи во тетовските селата Порој и Џепчиште немаат канализација. Со отворање дупки во дворовите за собирање на фекалните води, мештаните се обидуваат да најдат привремено решение. Но, тоа е еколошка „бомба“ и е причина за многу заразни болести. Често се случува фекалните води да завршат во атмосферската канализација, од која се шири неподнослив мирис.

„Ништо немаме. Како се снаоѓаме? Секој го решава својот проблем поединечно. Ветувања колку сакаш има, но во реалноста ништо. Секогаш политичките партии не оштетиле. Кога бараат гласови доаѓаат во Порој, ветуваат, а на крај ништо не прават и останува како што било. Виновник за ова не е општината туку ние зошто не преземаме иницијатива да протестираме.“

„Ова е оставено настрана, вака работи власта. Благодарение на совеста на луѓето од Порој и Џепчиште, како што гледате е чисто, но сите проблеми ги решаваме сами, иако во вакви услови власта треба да има свои активности. Се што гледате, е придонес на мештаните.“

„Нема ни канализација ни ништо.“

„Недостигот на канализацијата не е единствениот проблем што го имаат овие две села, Порој и Џепчиште, кои се сметаат како предградие на Тетово. Овие села со години се соочуваат со недостиг на чиста вода за пиење, поради што мештаните се принудени вода да полнат на селските чешми. Ова село во кое сме, се соочува и со проблемот на градење на брана, која беше ветена неколку пати од премиерот Заев, од поранешниот вицепремиер Лика, од градоначалничката Теута Арифи и други функционери, сепак останаа само ветувања.“

Од општина Тетово со ново ветување.

„Во тек е изготвување на деталниот план за селата Порој и Џепчиште и во моментот кога ќе се усвои, ќе се подготви и проектот во делот на инфраструктурата, особено за фекалната и атмосферската канализација за овие две села“-велат од Општина Тетово.

Проектите за градење на канализацијата за овие села постојат веќе две децении, но волја за нивно реализирање од општината и владата не постои.

Башким Сулејмани

Loading...

Shpërndaj me

Loading...