Инспекциската контрола во вакциналните пунктови денеска откри повеќе од 600 пакувања од вакцини на кои имало декларации со поминат рок на траење.

Станува збор за вакцини кои штитат од мали сипаници, рубеола и заушки.

Првично, министерот за здравство, Венко Филипче, тврдеше дека такви декларации има само на 6о-тина пакувања, објаснувајќи дека станува збор за техничка грешка, а не за реално поминат рок на вакцините.

Заради скандалот утре своја посета најави контролен тим од белгиската фармацевтска куќа произведувач на вакцините.

Loading...

Shpërndaj me