Првите информации по големиот пожар што вчера попладне ја зафати париската катедрала Нотр Дам, покажуваат дека повеќето од орнаментите во внатрешноста на објектот ја преживеале огнената стихија.

Официјалните лица наведоа дека главната структура на 850 години старата готска градба, вклучувајќи ги и нејзините две легендарни кули, се зачувани.

Обвинителството отвори истрага за пожарот, но полицијата кажа дека тој најверојатно почнал случајно во поткровјето и го поврза со скапиот процес на реновирање на катедралата.

Во Париз утрово се сретнаа видни експерти и архитекти за да испитаат дали зградата е стабилна и дали пожарникарите смеат да продолжат со интервенции во внатрешниот дел.

„Најлошото го избегнавме, дури и ако не победивме целосно во битката“, рече францускиот претседател Емануел Макрон на емотивната прес-конференција синоќа.

Loading...

Shpërndaj me