Дебар се уште е во  кризна состојба, поради бројот на заразени со коронавирус и оние кои самоизолирани. Градоначалникот Хекуран Дука вели дека добро се  справуваат со ситуацијата, но вели дека има потреба од зајакнување на медицинскиот тим со гинеколог и анестезиолог.

Хекуран Дука, градоначалник на Дебар

“Во болницата во Дебар е адаптирана специјална станица за лекување на заразените со вирусот Корона. Таму имаме специјализиран медицински тим засилен од лекари кои беа испратени од инфективната клиника. Бараме  гинеколог и анестезиолог, кои се многу потребни затоа што Дебар има само еден гинеколог”.

Дука вели дека движењето на граѓаните во последните денови е многу намалено. Само камионите кои ги снабдуваат продавниците со прехранбени производи и производи за хигиена, како и фабричките камиони за производство на стока во Дебар, влегуваат и излегуваат од градот. Додека на изолираните лица им служат волонтерите на Црвениот крст.

Хекуран Дука, градоначалник на Дебар

Засега нема проблем за прехранбените производи. Дистрибуцијата на храната до пациентите кои се изолирани, во карантин, оние што имаат потреба се појавуваат на Црвениот крст, а волонтерите на Црвениот крст ги обезбедуваат сите услуги, како и обезбедување на храната, лековите и другите потреби. Така, сè оди преку Црвениот крст, волонтерите што ги има.

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, апелира до сите свои сограѓани да останат дома, да не излегуваат непотребно и да го почитуваат полицискиот час. Во Дебар има 40 лица заразени со вирусот Корона, од кои 26 се на домашно лекување во градот Дебар, а 13 се на Клиниката за инфективни болести во Скопје. 167 лица се наоѓаат во изолација по контактот со заразените лица и мора да бидат ставени во карантин за 14 дена. Меѓу нив има и 14 здравствени работници. Како што известуваат членовите на семејството, доцна синоќа, едно лице од Дебар заразено со коронавирус починало во САД.

Mefail Ismaili

Loading...

Shpërndaj me

Loading...