Истекот на контаминираната вода е последниот инцидент кој предизвика непријатна миризба и јавноста се запозна дека тоа е предизвикано од хемикалијата метил акрилат во „Охис“. Во истиот погон со метил акрилатот, спакувани се 11 различни видови хемикалии кои чекаат транзитна дозвола за извоз и уништување во Швајцарија. Веќе се извезени три резервоари хлор, но, некогашниот хемиски гигант е темпирана бомба оти во погоните несоодветно се складирани и други различни видови отровен отпад. Остатоците од производството на пестициди, киселини, детергенти, ПВЦ пластика, бои и лакови и натаму се затрупани во дворот на фабриката. Истражувањата на професорот Трајче Стафилов уште пред неколку години покажаа дека смртоносните супстанции во ОХИС се најжешка еколошка точка во Македонија, меѓу кои најопасен е линданот.

„Отпадот е создаден од различни хемиски соединенија, од кои еден е линданот. Се дистрибуираат честичките во воздухот, луѓето се изложени на вдишување на тие честички, внесување во организмот. Пет, шест пати повеќе жива имаме во подземните води од максимално дозволените“-изјави Трајче Стафилов,професор по хемија.

Стечајниот управник на фабриката е недостапен на својот мобилен телефон, а енигма е како дел од погоните се продале и функционираат иако делат ист двор со опасни хемикалии. Вчера градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски кажа дека генералниот урбанистички план за Охис предвидува лесна и незагадувачка индустрија.

„Тоа значи дека тука може да има магацински простори и индустрии кои што не загадуваат“-рече Филип Темелковски, градоначалник на општина Кисела Вода.

За „Охис“ во тек е меѓународен тендер на организацијата УНИДО за избор на технологија за чистење на линданот, процес кој најверојатно ќе трае со години, а делумно финансиски го покрива и нашата Влада. За останатите отрови, што ги крие дворот на фабриката, се уште не станало ниту збор.

АЛСАТ

Loading...

Shpërndaj me

Loading...