Општините Македонска Каменица и Чешиново Облешево ќе добијат јавно осветлување по ЕСКО модел од компанијата Македонски Телеком.Овој проект е дел од регионалната програма за енергетска ефикасност, за што е обезбедена подршка од ЕУ. Покрај овие две општини во наредните два месеци ваков тип на осветлување ќе добијат и останати три општини Василево, Радовиш и Валандово.

„Времето на враќање на инвестицијатаизнесува во просек шест години, а понудениот животен век на светилките е 100.000 работни часа. За времетраење на договорот целокупното одржување на опремата која е предмет на договорот потпаѓа под ЕСКО компанијата. По завршување на договорот, целокупната заштеда на енергија и опремата остануваат на крајниот корисник т.е. општината“, изјави Здравко Стефковски-Кординатор на проектот.

„Не е само замена на штедливи светилки туку во позадината има многу платформи и системи што прават аналитика и што овозможуваат поголема заштеда од 40 до 80 посто заштеда на електрична енеркија и до 60 посто подбрување на квалитетот на осветлување“, рече Гоце Митевски- претставник од ЕСКО Компанијата Македонки Телеком.

Алсат

Loading...

Shpërndaj me

Loading...