Часот е 22 на втората вечер од полицискиот час. Градот е празен, додека преку 12 контролни пунктови се ловат евентуалните прекршувања.

Имаше разни случаи, но повеќето од нив беа со дозвола за движење за време на полицискиот час. Вработени во производствени компании од трета или четврта смена.

Во контрола на пунктовите беа заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу и заменик началникот на кризниот штаб, Шефик Бајрами.

„Во текот на оваа ноќ, очекувам полицијата и граѓаните да го почитуваат уште на повисок степен полицискиот час. Приватните компании кои ќе треба да ја организираат работата во вечерните часови во третата и четвртата смена, работодавците на претпријатието можат да им дадат дозвола на одредени вработени со полагање на веќе унифицираниот образец на државно ниво со меморандумот на нивната компанија со печат и потпишани за конкретно име и презиме и ќе важи лично за вработениот кој ќе мора да се движи за време на полицискиот час”, рече Нухиу.

Додека, за оние кои имаат итни случаи, доволно е само да се јават на 192 и да кажат за нивниот излез, додека треба да ја достават како доказ болничката документација.

Во спроведувањето на планот за полицискиот час, конкретно, ограничувањето на движењето на граѓаните беше вклучена и Армијата на Република Македонија, на која, како што дознавме, од вечерва им беа предадени некои објекти што треба да ги чуваат во градот Тетово со цел поуспешна реализација на полицискиот час, ограничување на движењето на граѓаните, но и максимално ограничување на ширењето на коронавирусот, кој во последните денови е се со поголем замав кај нас.

Синоќа во Полог полицискиот час беше почитуван, освен во два случаи во градот Гостивар, каде две лица беа лишени од слобода за кршење на ограничувањето.

Башким Сулејмани

Loading...

Shpërndaj me

Loading...