Во два силни земјотреса, кои ја погодија Кина, загинаа 12 лица, а 134 се повредени, соопштија денеска кинеските државни медиуми, додавајќи дека спасувачките екипи извадиле неколку преживеани од под урнатините.

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени беше проследен со уште еден со јачина од 5,2 степена, а двата достигнаа длабочина од 10 километри, со епицентар во близина на округот Чангнинг, соопшти Геолошкиот завод на САД.

Двата земјотреса, кои се случија во период од 30 минути, синоќа ја погодија југозападната провинција Сечуан. Нив ги почувствувале и жителите во големите регионални градови, како што е главниот град Ченгду и метрополата Чонгкинг.
Спасувачите извадиле неколку преживеани од урнатините во близина на епицентарот.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...