Македонската фудбалска репрезентација во ноември во рамки на Лига на Нациите ќе игра два натпревара, против Лихтенштајн и Гибралтар. Во првиот натпревар идниот петок на гости ќе игра против Лихтенштајн, а три дена подоцна во Скопје го пречекува Гибралтар. Избраниците на Ангеловски на овие натпревари ќе треба да победат бидејќи се апсолутни фаворити и да обезбедат пласман во плејоф фазата за квалификации на Евро 2020.

На средба со новинарите, Ангеловски рече дека во конкуренција за овие две средби беше и најдобриот напаѓач во лигата, Бесарт Ибраими, но поради повреда тој бил изоставен од списокот на репрезентативци.

Вторпат за натпреварите во Лига на нациите, Македонија подготовките ќе ги одржи надвор од земјава. Македонија за натпреварот против Лихтенштајн подготовките ќе ги стартува на 11 ноември во Фрајнбахт, Швајцарија.

Сафет Адеми

Loading...

Shpërndaj me