Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ оцени дека најголема отстапка кој Србија може да ја направи кон Косово е компромисот, јави дописникот на МИА од Белград. Дачиќ, гостувајќи на ТВ Хепи кажа и дека Србија работи на тоа уште една држава да го повлече признавањето на Косово.

Според него, Приштина бара „танте за кукурику“ затоа што бара запирање на повлекување на признавањата, за да може за возврат да ги повлече таксите на српските стоки. Тој вели дека потребно е време од потпишувањето до спроведување на договорот за воздушната линија Белград-Приштина, истакнувајќи дека договорот е позитивен и дека Белград го поддржува, бидејќи смета дека тоа може да има позитивен ефект.

За премиерот на Косово, Албин Курти Дачиќ, кажа дека сака „голема Албанија“ и дека е „привремен премиер на Косово“.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...