Германската канцеларка Ангела Меркел утре се очекува лично да го уверува францускиот претседател Емануел Макрон да не го блокира датумот на преговори за Северна Македонија и Албанија. Но, сè погласни се гласините дека Париз нема да се откаже од усвојувањето на новата стратегија за преговори, што би го одложило доделувањето на датум за следната година. Според Радио Слободна Европа, во нацрт-заклучоците изготвени од Финска, како актуелен претседавач со ЕУ, се предвидува првата меѓувладина конференција да се одржи во првата половина од 2020 година. Сепак, премиерот Зоран Заев не го губи оптимизмот. Според него, прашањето на методологијата за проширувањето на ЕУ не треба да го одложува доделувањето на датумот.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е скептичен во врска со добивањето датум, а главните причини за тоа, според него се донесувањето на Законот за употреба на јазиците и третманот на Македонија заедно со Албанија.

Мицкоски дури вели дека доколку успее да го увери мнозинството во Парламентот, ќе бара предвремени парламентарни избори.

Но, премиерот Зоран Заев не гледа причина зошто да се оди на избори, па дури и ако Македонија не добие датум годинава.

Вчерашната средба на амбасадорите на земјите-членки во Брисел се дознава дека била прилично кратка, поради цврстиот став на француските претставници во врска со промената на методологијата за проширување на ЕУ. Овие француски ставови се очекува да бидат главна тема на состанокот на дипломатите на ЕУ во вторник. Евентуалната позитивна одлука за доделување датум за започнување на преговорите со ЕУ за Северна Македонија и Албанија би била потврдена на самитот на ЕУ што ќе се одржи во Брисел на 17 и 18 октомври.

Бесиан Лека

Loading...

Shpërndaj me

Loading...