157 милиони евра е долгот на граѓаните и фирмите кон државата за неплатен данок. Последната „црна“ листа Управата за јавни приходи брои над 4.000 должници. Податоците на УЈП покажуваат дека е зголемена наплатата на долгови од должниците, а намален е нивниот број.

Закучно со нември минатата година, долгот за неплатен данок е намален за 22 милиони евра, а листата е пократка за 390 должници. Најголеми неплаќачи на данок се приватни фирми. Првото место на „црната“ листа на УЈП веќе подолго време го држи „Отекс“ од Охрид – должи 13 милиони евра. Следат Ел Дон Кастиљо и Индустрија Ел Азтека.

На листата должници веќе ги нема државните компании Македонија пат, Македонски шуми и Македонската радиотелевизија кои беа меѓу најголемите неплаќачи на данок. На листата на должници кои се под државна капа остануваат Еурокомпозит и Водостопанство на Македонија и десетина Јавни претпријатија за водостопанство и комунални услуги. Данок на државата и должат спортски клубови, винарски визби, фирми загубари, градежни компании и неколку регионални медиуми.

Од УЈП велат дека исти фирми со години се на оваа листа и со дел од нив воопшто не можат да стапат во контакт. Кај дел од компаниите, едни долгови плаќаат, а други им се натрупуваат.

„Станува збор и за јавни претпријатија и за даночни обврзници со кои на некој начин неможеме да стапиме во контак, но и со кои можеме да стапиме во контакт и ин ги сузбиваме тие проблеми кои што ги имаме и ние и даночните обврзници. Меѓутоа доколку еден даночен обврзник кој што е на листата си подмири еден долг, автоматски веќе му настапува нов долг и тој цело време е на листата на должници затоа што ненавремено од претходни години ги менаџирал своите обврски кон Управата“, рече Сања Лукаревска, директор на УЈП.

Последната листа се однесува на долгови на физички лица и фирми за неплатен данок доспеани до 30 ноември минатата година и неплатени до 28 февруари 2018 година за ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царинини.

Александра Спасевска

Shpërndaj me