Во новата емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, настапи
шеснесетгодишниот скопјанец Дамјан Димевски. Со песните Плавуша од Кичо Слабинац и Во коси
да ти спијам од Тоше Проески 16-годишниот Дамјан му остави одличен впечаток го
импресионираше жирито и предизвика позитивни коментари и воодушевување.

Рокенрол пејачот и актер Ѓорѓе Николиќ, познат по уметничкото име Џорџе Давид кој е ментор на
Дамјан истакна дека е посебно горд на неговиот настап и посветеност, знаејќи дека изминатиот
период Дамјан бил настинат.

Фасциниран од неговиот настап и енергија Џорџе Давид му се заблагодари на Дамјан со
зборовите “Ти благодарам што не ме разочара“, земајќи ги во предвид годините и искуството.
Веројатно голема улога за моќниот настап имале и професионалните совети на
Џорџе Давид кој има богата музичка кариера и настапи зад себе.

Џорџе Давид беше член на неколку групи и е соло изведувач. Исто така има глумено во неколку филмови, телевизиски серии и театарски претстави за кои има освоено и неколку награди. екај неговите колеги важи за екстремно интелигентен, талентиран, остар на јазик.

Се надеваме дека искуството, професионализмот и посветеноста и златниот глас на Џорџе Давид
ќе ги држат вратите отворени за Дамјан на ова регионално шоу.

Shpërndaj me