Градежниците очекуваат дека оваа година ќе се случи најавуваниот градежен бум на Владата. Со нетрпение го очекуваат стартот на градежната сезона во март. Претседателот на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија сепак предупредува дека предвремени избори би биле катастрофални за градежништвото бидејќи голем дел од работите ќе бидат во застој.

„Ние се надеваме дека оваа година ќе биде една од оние години кога градежништвотот беше главен креатор на БДП. Активно учествуваме во сите подготовки на сите законски прописи, активно учествуваме во сите проблеми кои ни се случија минатите години, така што и оваа година ние како Комора очекуваме дека ќе дојде до тој најавен градежен бум и дека ќе може да се вратат стапките на раст како што беа во 2014-15 година“, рече Андреа Серафимовски, претседател ан Здружение за градежништво СКМ.

Откако минатата година ја завршивме со катастрофална реализација на капиталните инвестиции од само 65,5 отсто од предвидените 300 милиони евра, подобри резултати се очекуваат со стартот на оваа градежна сезона. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на најави дека оваа година нема да има град или село каде што нема да се гради инфраструктура. Според податоците на Заводот за статистика, градежништвото во првиот квартал лани падна за дури 37,2%, во вториот квартал тој пад беше 12,9, додека во третиот квартал 2,6%.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me