Вештачката интелигенција веќе има многу примени во денешниот свет, практично во секој сегмент од нашиот живот. Робо-опрашувачите, според некои научници се иднината на земјоделството.

Компанијата “Volmart” поднесепатент за автономни роботски пчели. Патентот на мега-корпорацијата специфично и покрива “опрашувачите”. Тие мали роботи можат да делуваат исто како пчелите, автономно опрашувајќи ги културите. Роботските пчели ќе работат со помош на сензори и камери, како би се движеле наоколу. Овие мини летала потенцијално можат и да се однесуваат како пчели.

Ова не е едиствен патент кој го поднесе истоимената компанија. Според сајтот CB Insights, оој е само еден од шестте патенти за земјоделските беспилотни летала. Се проценува дека вклучувањето на автономните роботи во земјоделското производство може да ги намали трошоците и да ја зголеми ефикасноста.

Изненадувачкиот интерес на компанијата за земјоделство, имплицира дека компанијата сака да стекне поголема контрола над храната што ја продава, зголемувајќи го квалитетот и намалувајќи ги трошоците.

Во меѓувреме, популацијата на пчелите е во изумирање и веќе опрашувањето не може да се земе “здраво за готово”. Овие мали суштества се темелите на земјоделието и храната која ја јадеме. Додека научниците работат на подобро разбирање на падот на популацијата на опрашувачите, на човештвото му останува да се надева дека природата ќе најде начин за опоравување на пчелите, а до тогаш може да користиме технологија.

Прашањето кое треба да не загрижи е дали ќе останеме без природен мед?

Loading...

Shpërndaj me