Дали се радувате или се плашите од промените што можат да се случат во светот ако роботите навистина „завладеат“ со него? Под „завладеат“ мислиме на можноста да ги извршуваат нашите секојдневни работи, да „одат“ на работа наместо нас, да ни ја задоволуваат секоја, најмала желба?!

Околу вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз човечкиот живот отсекогаш постоеле големи несогласувања. Некои сметаат дека напредокот на светот е гарантиран со нивното присуство, други, пак, веруваат дека тие се потенцијална опасност за човечкиот род.

Како една од најголемите опасности се истакнува губењето на работните места, односно замената на луѓето со роботи. Притоа, за најголеми виновници за ова ги сметаат менаџерите во компаниите коишто бараат поефикасни технолошки решенија и кои ја потенцираат потребата од роботи за да го добијат тоа што го бараат.

Еден од највлијателните луѓе во технолошкиот свет и еден од првите луѓе на Мајкрософт, Сатја Надел, истакна дека воопшто не треба да се смени курсот на работа, односно дека работниците не треба да се плашат дека ќе останат без работа заради вештачката интелигенција.

„Важно е секој да се обиде да го искористи своето време колку што може подобро и поефикасно. Компаниите сами мора да размислат за поинаков пристап со кој вештачката интелигенција ќе им помага на луѓето, а не да им се заканува дека ќе ги замени. Треба да бидеме хуманисти“, истакна Надела во говорот што го одржа деновиве на конференција во Минхен.

Сепак, многумина и понатаму не веруваат во тоа што го зборува, сметајќи дека Мајкрософт е, всушност, компанија што развива решенија засновани на вештачка интелигенција, додека луѓето остануваат без работа.

Што ни носи иднината, сепак останува да видиме.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...