Лидерството, активноста, енергијата и фокусираноста се меѓу најдобрите особини кои им се препишуваат на луѓето со нулта крвна група.

Тие можат да бидат силни, продуктивни, но и лути, хиперактивни и импулсивни кога се под стрес.

Што ги прави посебни и единствени?

Заради својата крвна група се предодредени за болести како чиреви и пореметувања на штитната жлезда. Припадниците на оваа крвна група исто така имаат недоволно ниво на јод, па заради тоа е отежната регулацијата на тироидната жлезда. Ова предизвикува нуспојави како дебелеење, задржување на течностите и замор. Затоа треба повеќе да внимаваат на своето здравје.

Покрај тоа, луѓето со 0 крвна група имаат повисоко ниво на желудочна киселина од останатите, па често пати резултира со иритација на желудникот и чиреви.

Подложни се на стрес

Што се однесува до типот на личноста и карактерните особини, 0 крвната група се проценува како одговорна, одлучна, организирана, умерена, совесна и практична. Се смета дека овие луѓе се имаа многу добра ориентација и се одлични логичари.

Од друга страна пак, стресот може да предизвика напади на лутина и хиперактивност. Луѓето со оваа крвна група се повеќе ранливи на деструктивно однесување кога се претерано заморни, депресивни или едноставно им е здодевно. Тоа може да вклучува коцкање, пороци, барање на екстремни возбудувања, импулсивност и ризични ситуации. Избегнувајте кофеин и алкохол. Кофеинот е посебно штетен заради подигнувањето на адреналин, кој е веќе на високо ниво.

Повеќе од било која друга крвна група, на луѓето со 0 крвна група им е неопходна физичка активност за одржување на здравјето и емоционалната стабилност. Редовната активност подразбира вежбање 3 до 4 пати неделно. За најдобри резултати се препорачува аеробна активност 30 до 40 минути.

Избегнувајте носење на големи одлуки или трошење пари кога сте под стрес. Кога ќе ја зголемите килажата, почнете со физичката активност.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...