Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата со претседателот на САД, Доналд Трамп, во Белата куќа, изјави дека Алијансата ги има најголемите зајакнувања во колективната одбрана по Студената војна и дека првпат во историјата на НАТО борбените трупи се распоредени на источното крило – во балтичките земји и во Полска.

„За трипати ги зголемивме силите за брзи реакции, ја модернизиравме командната структура, а европските сојузници и  Канада веќе вложуваат повеќе во одбраната“, изјавил Столтенберг на новинарско прашање да ја искоментира изјавата на францускиот претседател, Макрон дека НАТО е клинички мртов.

Столтенберг додал дека Алијансата повеќе пати покажала дека и покрај разликите остануваат обединети околу клучната задача – да се заштитуваат и бранат една со друга.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...