Истражувачи од Универзитетот Сент Луис плаќаат по 3500 долари на лицата кои ќе прифатат да престојуваат во хотел во кој ќе ги заразат со грип со цел да пронајдат универзална вакцина против грип.

„Хотелот Инфлуенца“ ќе има 24 соби, а во него волонтерите ќе добијат вакцина и ќе бидат изложени на вирус.

Меѓу вирусите е и H3N2 од кој починаа голем број млади и деца кои биле вакцинирани.

Оние кои ќе се пријават, ќе мора да престојуваат во хотелот 10 дена и ќе имаат потполна нега и забава.

Истражувачите тврдат дека ова место е совршено за развој на универзална вакцина која американската влада ја смета за приоритет во јавното здравје.

Секоја година, вакцините се подобруваат, но и покрај тоа илјадници луѓе умираат. Научниците сакаат да направат вакцина која ќе делува против сите вируси.

Половина од волонтерите кои ќе учествуваат во истражувањето ќе добијат вирус, а половина плацебо.

Shpërndaj me