Секој човек кој е во секојдневен контакт со мачките може да потврди колку тие се интересни, но и покрај тоа, сепак постојат бројни предрасуди кога станува збор за овие животни.

Најновото истражување направено во месец март и објавено во “Behavioural Processes” докажа дека мачките можат да бидат еднакво пријателски расположени спрема луѓето како и кучињата.

Со тоа, оваа студија го поби најголемиот мит кога станува збор за овие животни – дека овие крзнени животни не ги сакаат луѓето, дека се себични и асоцијални.
Истражувањето вклучувало когнитивни тестови кои биле извршени и на кучиња и на мачки.

Во истражувањето биле вклучени 50 мачки кои биле земени од засолништа и домови и биле оставени без храна, играчки и без никаков човечки контакт. По некое време мачките добиле храна, играчки и друштво, а најмногу од мачките се радувале на друштвото/ интеракцијата со луѓе. Поточно 37 проценти од мачките ја избрале храната, а не друштвото на човекот.

50% од тестираните мачки го избрале друштвото на човекот иако имале можност да одберат помеѓу храна и играчки.
На овој начин истражувачите стигнале до повеќе докази за нивната комплексно друштвена – когнитивна способност, како и способноста за решавање на проблеми.

Сепак, се уште постои верувањето дека мачките не се друштвени ниту дека можат да се тренираат лесно. Причинита за ова може да биде недостаток на информации во врска со тоа кои стимуланси ги преферираат мачките, објаснуваат авторите на оваа студија.
Истражувањето исто така покажало дека имало многу малку разлики помеѓу мачките кои имале сопственик и оние кои барале нов дом.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...