Ако некогаш сте пробале да скршите шпагети, најверојатно сте забележале дека е невозможно да ги скршите на само два дела. Долго време никој не знаеше одговор на прашањето зошто тоа е така, но научниците конечно имаат решение за оваа “мистерија”.

Кога ја проучувате физиката, имате обврска да пробате да најдете одговор на некои од водечките мистерии на универзумот. Што се случувало пред Биг Бенг? Што има во внатрешноста на црните јами? Дали е возможно да скршите шпагети на точно два дела?

Со последно сомневање, најверојано сте имале шанса да пробате да скршите пакување шпагети на точно два дела, но зошто при секој обид тие се кршат на три, четири или повеќе делови? Овој феномен ги збунува научниците со децении. Дури и добитникот на Нобелова награда Ричард Фрајнмен, која помогна да се направи атомската бомба во текот на Втората светска војна, поминал многу ноќи во својата кујна, кршејќи шпагети и барајќи одговор.

Фрајнмен сепак останал без одговор, но благодарение на новата студија, неодамна објавена во Зборникот на Националната академија на науките на Америка (the Proceedings of the National Academy of Sciences), најпосле имаме одговор на ова повеќедецениско прашање.

Со помош на некои математички модели и роботи за свиткување на шпагети, еден тим на математичари од MIT институтот, откриле дека всушност е возможно да се скршат шпагети на точно два дела, но сепак постои финта.

Имено, научниците зеле две стеги и ги свиткале шпагетите за речиси 360 степени па потоа ги скршиле на само два дела. Свиткувањето спречило при кршење шпагетите силно да се извијат на спротивната страна и да пукнат.

Иако сето ова делува како бесмислено истражување, научниците тврдат дека ова повеќедецениско прашање е сосема легитимно, бидејќи од пронајдокот на одговорот учиме за материјалите и еластичноста.

Пукањето во природата е чест процес, кој се случува на пример при земјотреси, рушење објекти, фрактури на коските, паѓање на стебла и слично, а сфаќањето и контролата на тие процеси можат да бидат многу важни за човештвото.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...