Каков ефект можат да имаат чувствата на луѓето врз билките? Дали една билка расте поинаку ако е опкружена со среќни луѓе?

Ова се две прашања на кои научниците се обидуваат да најдат одговори во „Експериментот на Фиренца“, проект кој ги комбинира уметноста и науката.

Во „срцето“ на Фиренца, во Палацио Трози е поставена огромна лизгалка, каде лицата кои лизгаат на телото врзуваат каиш во кој има засадено билка. Кога присутните стигнуваат на целта, каишот им се дава на истражувачите кои потоа го анализираат.

Експериментот на Фиренца фактички претставува два експеримента кои ние ги правиме со цел да ја увидиме можноста дали билките можат да одговорат кон човечките емоции.

Мислам дека вакво нешто не било направено претходно, барем не на ова ниво каде се користат два вида експерименти, значи научната коректност и уметничкиот предизвик“, вели научникот Карстен Холер.

Инаку, лабораторијата е поставена во подрумот на зградата каде завршува лизгањето.

По предавањето на билката, посетителите одговорат на прашалник за тоа како го доживувале лизгањето. Резултатите од експериментот, научниците ќе ги објават во август годинава.

Извор: енаука.мк

Loading...

Shpërndaj me

Loading...