Едно од прашањата и стравовите кои ги имаат жените кога се бремени, посебно во првото тромесечје е ова – дали е дозволено да се патува?

Тоа е периодот кога се создава плодот, кога жената има мачнини, кога се појавуваат првите симптоми на бременост. Која е првата работа што треба да се направи ако треба да патувате во овој период од бременоста? Веднаш консултација со лекар, да ја види и процени состојбата. Ако вие се чувствувате убаво и ако тој го одобрува патувањето во тој случај спакувајте ги куферите.

Кај жените со здрава бременост не постои ризик за патувањето ако треба да патувате со авион. Најдобро време за патување во текот на бременоста е во второто тромесечје односно попрецизно од 14 до 28 недела од бременоста. Имајте на ум дека ако станува збор за пат подолг од два часа, че мора да станувате и шетате низ авионот додека патувате заради раздвижување. Потребно е да се пијат и многу течности. А секогаш барајте да бидете во близина на тоалетот заради потребата од често мокрење.

Ако патувате со автомобил гледајте да правите почести паузи во текот на возењето, да пиете течности, имајте овошје при рака во текот на патувањето. Пред да тргнете не претерувајте со храната бидејќи може да предизвика киселини мачнини. Проветрувајте го автомобилот во текот на возењето и секогаш имајте појас на вас.

Ако пак патувате со автобус, важат истите правила како и со автомобил со тоа што овде ќе мора да се раздвижувате низ автобусот. Гледајте да резервирате седиште понапред каде е поудобно за седење бидејќи има поширок простор меѓу седиштата. Но, автобусот нека ви биде опција за превоз ако немате друг избор.

Каде и да патувате во текот на бременоста секогаш бидете внимателни што јадете и од каде јадете. Во текот на патувањето подгответе од дома храна и течност која во тој период ја консумирате. Бременоста е еден од најубавите периоди во животот, дозволете си да ја уживате целосно и да создадете нови спомени кои ќе ги раскажувате на вашето дете.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...