Панорамата на јапонскиот град Одате видена низ очите на две кучиња од расата акита е најновата услуга која ја нуди гугл мапс. Се работи за најновата опција наречена „Дог Вју“. На кучињата биле поставени камери и биле пуштени да се движат низ градот. Камерата фатила неверојатни пејсажи и тајни места во Одате кои ќе им се претстават на туристите.

Информациите од мапата се важни кога се презентираат туристичките атракции. Гугл Стрит Вју има голема вредност бидејќи луѓето уживаат во градот според информациите кои ги поседува мапата, па затоа е важно да се создаде видео од 360 степени од призмата на кучињата“, вели еден од претставниците на Гугл

Оваа опција овозможува лесен пристап и до светски познатиот споменик во Токио „Хачико“, посветен на едно куче кое со недели залудно го чекало својот починат сопственик да излезе од метро станицата во познатиот дистрикт Шибуја.

Шефкије Аласани

Shpërndaj me