Народна банка останува на својата прогноза дека годинава бруто-домашниот производ ќе порасне за 3,5 отсто, додека за наредната година прогнозира раст од 3,8 проценти. Сепак, гувернерката Анита Бежовска Ангеловска, смета дека најавените предвремени избори на пролет може да ја забават економската активност. Според неа и годинава потфрлила реализацијата на капиталните инвестиции, а забележителен е и растот на јавниот долг на Македонија.

„Сведоци сме дека се прават надолни корекции на глобалниот раст. И ова забавување кое сега се предвидува за 2019 година е најголемо забавување од почетокот на економската криза. Меѓутоа, сите проекции на релевантните меѓународни финансиски институции упатуваат сè уште на  раст“, вели гувернерката Анита Бежовска Ангеловска.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...