Грција протера двајца руски дипломати од земјата поради наводно мешање во постигнувањето договор меѓу Атина и Скопје околу новото име на Македонија.

Како што пренесе Катимерини, Грција ќе забрани влез во земјата за дипломатите за кои се вели дека учествувале во активности кои не одговараат на нивниот дипломатски статус.

Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, изјави дека „Грција нема да толерира кршење на меѓународното право“.

„Иницијативата на Атина не е случајна, туку е одговор на координираната акција на дипломатите за ширење на руското влијание во Грција и вршење влијание врз властите за прашањето за новото име на Македонија“ пишува Катимерини.

Набрзо стигна и реакција од Москва.

Имено, Русија ќе депортира двајца грчки дипломати како одговор на одлуката на Атина, изјави претставник на Советот за меѓународни односи на Руската Федерација, Андреј Климов.

“Принципот на реципроцитет се применува во сите вакви случаи, без исклучок. Ова е основен принцип на дипломатијата”, изјави Климов.

 

Shpërndaj me