По седум месеци откако Никола Груевски спектакуларно избега од земјава во Унгарија за да не оди во затвор, и по дискутабилниот успех на средбата меѓу Зоран Заев и Ангела Меркел, премиерот во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ изјави дека знае како избегал поранешниот премиер.

Зоран Заев, интервју ФАЦ:

Сега знаеме како. Груевски со лифт се симнал во подрумот на зградата, а таму се сокрил во багажникот на автомобилот кој го однел надвор од државата. Во Албанија, го чекало унгарско дипломатско возило“

Изминативе месеци јавноста во земјава плетеше најразлични сценарија околу филмското бегство на Груевски. Една од нив е и оваа што јавно одлучи да ја раскаже премиерот Зоран Заев. Сепак, тој во интервјуто за весникот беше прашан зошто истрагата за тоа каде е Груевски започнала откако поминаа три дена откако тој требаше да се јави во затворот Шутка, Заев одговори:

Зоран Заев, интервју за ФАЦ:

Во земјата вообичаено е криминалците кои се повикани во петок за отслужување на затворска казна, викендот да го поминат дома. Не можевме тоа да го смениме само за Груевски“.

Засега точен одговор како избегал Никола Груевски пред очите на СЈО, судот и полицијата нема. Како излегол од земјава се базира на претпоставки. Не е евидентиран на ниту еден официјален граничен премин со Албанија, ниту пак снимен од безбедносните камери. Претпоставките се дека избегал преку див премин кај Дебар со домашна и странска логистика. Груевски откако стигнал во Албанија, побарал азил во унгарската амбасада и преку Црна Гора и Србија, стигнал во Унгарија. Експресно доби азил од владата на Виктор Орбан.

Груевски пред неколку денови од унгарски новинари беше снимен како оди во стан на средба со заменикот државен секретар во унгарското МНР – Иштван Јо. Според новинарите станот се користел за тајни средби од безбедносни агенции. Потврда за средбите на Груевски со високи претставници на тамошното МНР пристигна и унгарскиот министер за надворешни Петер Сијарто кој кажа дека остварува редовни средби со екс премиерот и од Груевски добива информации што се случува во Западен Балкан.

Бојан Стојановски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...