Никола Груевски останува пратеник. Собранието не собра двтретинско мнозинство за да му го одземе мандатот на поранешниот премиер, откако претходно таква препорака даде комисијата за мандатно имунитетни прашања со образложение дека Груевски откако е осуден на две годишна затворска казна не е достоен да биде пратеник. На пленарната седница „за“ гласаа 58 пратеници од власата и 28 „против“ од опозицијата. Да му биде одземен мандатот поддршка даде и неговиот долгогодишен коалиционен партнер Али Ахмети. Груевски денеска не беше присутен на гласањето а во собраниската сала не беа ниту осумте пратеници од ВМРО – ДПМНЕ кои беа исклучени од партијата откако гласаа за уставните измени.

Loading...

Shpërndaj me