Сезонскиот грип го ја наполни болницата во Козле. Дневно во оваа болница поради компликации од сезонскиот грип се јавуваат по 120 пациенти, поради што е невозможно да се најде слободен кревет. Моментално 86 деца со респираторни компликации се згрижени во  болницата, а 25 други се третираат во дневната болница. Лекарите влеат дека со почетокот на второто полугодие бројот на заболени драстично ќе се зголеми.

Повеќето од анкетираните од Алсат телевизија се пожалија дека имаат кашлица и тешко дишење.

“Му ја проверуваат крвната слика. Имаше кашлица. Два дена кашла“…

“Во болница е нашиот внук имал воспаление на белите дробови, за друго не знаеме, бидејќи денес не сме се виделе со докторката. Детето лежи во болница“, рекоа анкетираните лица.

Од Институтот за Јавно Здравје соопштија дека во втората недела на јануари има 583 случаи на заболени од сезонски грип, бројка која речиси е трипати поголема во споредба со првата недела од јануари.

Вјолца Алити

Loading...

Shpërndaj me

Loading...