Сите сме помалку или повеќе под стрес и потребно ни е да се опуштиме. На различни луѓе им помагаат различни работи, а некои жени велат дека најмногу ги опушта грижата за своите цвеќиња во саксија или во дворот.

Ова „опуштање“ нема да им помогне на оние што ќе купат и цвеќе, а потоа ќе го заборават и ќе им текне дека имаат растение дури кога ќе забележат дека почнало да се суши или да овенува. Направете си дневна рутина да посветите барем десетина минути на цвеќето штом ќе се вратите од работа – да ги тргнете исушените лисја, да го полеете со вода, да му ставите малку ѓубриво ако е потребно, да го свртите на другата страна за светлината подеднакво да допре до сите листови, га ги избришете листовите од правот што се налепил на нив.

Сите овие активности делуваат смирувачки, бидејќи се грижите за живо суштество на кое треба да му се посвети време и енергија. Ќе се радувате кога ќе го гледате дека расте, ќе тагувате ако почне да венее. Некои жени признаваат и дека разговараат со растенијата, а некои дури и им пеат со надеж дека ќе го поттикнат нивниот раст.

Уште една позитивна работа е што секојдневната грижа толку многу ги смирува жените, што некои од нив дури и се сетиле дека треба да го забават темпото на живот и да се грижат повеќе и за себе.

Секако, грижата и разговорот со растенијата не значи дека треба да ја прекинете комуникацијата со луѓето, напротив, заради грижата за нив ќе бидете посмирена и со околината.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...