Специјалниот претставник на претседателот на САД за дијалогот Белград-Приштина, Ричард Гренел, ја повика новата косовска Влада веднаш да ги укине таксите на српските производи, кои се причина за блокирање на преговорите, јави дописникот на МИА од Белград.

-Очекуваме таксите веднаш да бидат укинати, порача Гренел во соопштението.

Гренел, кој воедно е и американски амбасадор во Германија, истакна дека САД „јасно им ставиле до знаење на лидерите на партиите во Косово дека укинувањето на таксите е во најдобар интерес на Косово и на нејзината економија, како и желбата да се привлечат нови бизниси“.

Гренел пред две недели посредуваше во договорот за обнова на железничкиот и воздушниот сообраќај помеѓу Белград и Приштина.

-Ние правиме историски напредок. Наскоро ќе има нови вести, бидејќи двете страни сакаат да се оди напред. Овие чекори ќе придонесат за подобар живот на луѓето од регионот, нагласи Гренел.

Вчера, со мнозинство гласови, косовскиот Парламент ја изгласа заедничка влада на движењето Самоопределување и Демократската алијанса на Косово, предводена од Албин Курти.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...