Во последните 24 часа се регистрирани најмалку три грабежи, две во Скопје и едно во Дебар. Освен НЛБ Банка, во Скопје била ограбена и пекара. Од друга страна, во Дебар, вооружено лице ограбило казино. Експертите по безбедност велат дека екстремната сиромаштија и желбата брзо да се стигне до пари, се главните индикатори за зголемување на бројот на грабежи. Башким Селмани вели дека зголемување на бројот на грабежи ја намалува безбедноста на граѓаните.

„Факторот кој индивидуата ја тера да краде е големата сиромаштија која ги тера граѓаните да постапат така и фактички ограбувачите се оние кои сами ги планираат овие грабежи, а тоа е лоша порака за граѓаните, бидејќи во последно време под закана е и јавен и приватен имот. Ова се индиции кои ја нарушуваат општата безбедност“, рече Башким Селмани, експерт по безбедност.

Граѓаните велат дека амнестијата на голем број престапници довело до пораст на грабежите. Според нив, полицијата не е способна да ги спречи ваквите разбојништва и да ги фати извршителите.

„Често пати имаше амнестија од претседателот и од други, така што постојано се амнестираат луѓе, затоа се охрабруваат да прават такви дела.“

„Полицијата не работи како што треба, тие се корумпирани, тоа е сè. Еве, со два збора беше кажано сè. Ако системот проработи како што треба немаше да се случи ова. Од една страна ги затвораат на другата страна ги пуштаат од затвор. Мислам дека сè е кажано“, реагираат граѓаните.

Од МВР не даваат детали колку грабежи и кражби се пријавени од почетокот на годинава. Алсат дознава дека над половина од предметите во Кривичниот суд се за кражби и тоа поголем дел за тешки кражби. Во последно време постојат информации дека е пораснат и бројот на џепчии чија цел се пензионерите кои користат јавен превоз.

Бесијан Лека

Loading...

Shpërndaj me

Loading...