Граѓаните со поделени мислења во однос на претпристапните преговори за членство во НАТО. Дел од оние со кои денеска зборувавме ни одговорија дека НАТО требало да ни упати безусловна покана, а други ги поздравуваат заклучоците од Самитот.

„Задоцнивме за во НАТО.“

„НАТО требаше да биде покоректен во однос на Македонија. Многу порано требаше да ни ја дадат оваа покана која ја дадоа сега.“

„За да се влезе во НАТО има многу работа. Треба да се прекинат навредите, треба некои работи да се завршат, а потоа треба да влеземе во НАТО. Мислам дека Македонија нема да успее да ги исполни овие услови.“

„Преговорите за членство од страна на седиштето на НАТО се за поздравување, но ние треба да се промениме, да направиме комплетни промени, тоа што се бара. Македонија заживува, ќе се спаси од тоа што беше замрена и од нас зависи колку ќе бидеме одговорни во однос на тоа да ги промениме работите за кои има условувања. Не се завршени нашите обврски во однос на НАТО, затоа треба да се условат до крај, да ги завршиме обврските и сè ќе биде завршено“, велат анкетираните граѓани.

Shpërndaj me